Карлос Балеба и официјално е ново засилување на Манчестер Јунајтед, откако тимот од Манчестер се согласи да му плати на Брајтон обештетување од 70 милиони фунти за играчот за врска од Камерун.
Претходно менаџерот Мајкл Карик летоска успеа да ги доведе Андреј Сантос од Челси и Јури Тилеманс од Астон Вила, со што сериозно го засили редот за врска.
Калеба нема веднаш да настапува за Манчестер јунајтед, откако се здоби со повреда на мечот против Тромсо во Лигата на конференции.
На крајот од претходниот рок големо засилување доведе и Арсенал кој го потпиша бекот на англиската фудбалска репрезентација Езри Конса од Астон Вила за 55 милиони фунти.
Слични новости
Каваи Ленард и официјално повторно во Торонто Рапторс
Во соопштението на клубот се наведува дека Ленард прејде од Клиперс во Рапторс во замена за Брендон Инграм, Грејди Дик, два први пикови на дрфатот и два идни пикови од втората рунда.
Рибакина по трофејот на УС Опен го зазеде и првото место на ВТА листата
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина која победи на отвореното првенство на Америка во тенис, го презеде првото место на ВТА листата од Арина Сабаленка која две години беше прва на ВТА листата.
Новак Ѓоковиќ падна на 12-тото место на АТП листата
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ по заврпувањето на УС опенот падна за седум позиции и на најновата АТП листа и веќе не ниту во првите 10, туку го зазема 12-тото место.


