Фудбалерот на Аталаната, Бразилецот Едерсон договори премин во Манчестер јунајтед, пренесе Би Би Си.

Едерсон кој има 26 години треба да потпише договор со Манчестер јунајтед со можност на продолжување на договорот за уште една година. Англискиот клуб прифати да и исплати на Аталанта обештетување од 35 милиони фунти, плус дополнителни бонуси.

По лекарските прегледи Едерсон би требало да го потпише договорот со јунајтед.

Англиските медиуми известуваат дека ова е првото засилување на тимот од Олд Трафорд во летниот преоден рок.

Слични новости

Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори

Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори

Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.