Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.
Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.
Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.
„Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.
Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.
Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.
Слични новости
Хрватска е првиот финалист во светското првенство во ракомет
Ова е прво финале за Хрватите по 16 години, а и сега, како и тогаш, беа во улога на кодомаќини. Во тогашното финале, Франција беше подобра и ја освои светската титула, а синоќа Хрватска се одмазди
Фудбалските клубови потрошиле 8,59 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2024.
Клубовите ширум светот потрошиле 8,59 милијарди долари на меѓународни трансфери во 2024 година, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во својот Глобален извештај за трансферите
Рекордна отштета на Лајпциг за Чави Симонс
Клубовите официјално не ја објавија сумата на оваа зделка, но медиумите наведуваат дека е платена отштета од 50 милиони евра