Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.
Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.
Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.
„Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.
Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.
Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.
Слични новости
Салах сѐ поблиску до трансфер во Саудиска Арабија
Иако оваа сезона во Лигата на шампионите и Премиер лигата постигна 22 гола и впиша 17 асистенции, египетскиот напаѓач Мохамед Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул
Манчестер Сити – Реал Мадрид во шеснаестинафиналето на Лигата на шампионите
Фудбалската Лига на шампиони влегува во нокаут фазата, а денес во седиштето на УЕФА во Нион беше организирана жрепката за првата нокаут рунда односно 1/16 финалето
Тотенхем му нуди на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот Матис Тел
Лондонски Тотенхем му понудил на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот француски напаѓач Матис Тел, објавија во петокот британските медиуми