Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.
Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.
Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.
„Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.
Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.
Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.
Слични новости
Ливерпул по денешната победа на гости кај Бормут со девет бодови предност
Фудбалерите на Ливерпул денеска извојуваа тешка победа на гости против незгодниот тим на Бормут од 2 спрема нула со головите на Мохамед Салах.
Денвер ја победи Филаделфија со 8 коша на Јокиќ во последната минута
Кошаркарите на Денвер како гости утринава ја победија екипата на Филаделфија со 137:134 и така ја прекинаа низата од три порази по ред..
Евролига: Ѕвезда во последната секунда го совлада Партизан
Кошаркарите на Партизан беа домаќини на Црвена ѕвезда во 24. коло од Евролигата, а драматичниот меч беше решен дури во последната секунда