Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.
Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.
Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.
„Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.
Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.
Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.
Слични новости
Изненадувачка размена во НБА – Дончиќ во Лејкерс, Дејвис во Маверикс
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ESPN рано наутро во неделата објави дека тимовите завршиле со трејдот што ќе го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес и Ентони Дејвис во Далас
НБА: Денвер победи, Вашингтон ја прекина серијата од 16 порази
Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа ги совладаа Шарлот Хорнетс со 107:104, а Никола Јокиќ го оствари својот 22. „трипл-дабл“ сезонава
Реал Мадрид поразен од Еспањол, Атлетико Мадрид убедлив со Мајорка
За неволјата на Реал Мадрид да биде поголема на натпреварот се повреди нивниот стопер Антонио Рудигер кој мораше да биде заменет во 14 минута од мечот.