Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.

Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.

Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.

 „Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.

Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.

Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.

globe

Слични новости

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, го повреди мускулот на десната бутина на мечот против Еспањол во саботата и е неизвесен неговиот настап во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити