Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.
Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.
Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.
„Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.
Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.
Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.
Слични новости
Синер се откажа од турнирот во Ротердам
Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, кој во неделата ја одбрани титулата на Австралија опен, се повлече од одбраната на титулата на АТП 500 турнирот во сала во Ротердам
Поранешен белгиски репрезентативец уапсен во истрага за шверц на кокаин
Поранешниот фудбалски репрезентативец на Белгија, Раџа Наинголан е уапсен во понеделникот како дел од истрагата за шверц на кокаин преку пристаништето Антверпен
Нејмар се откажува од огромна плата за да се врати во Сантос
Бразилскиот напаѓач 32-годишниот Нејмар треба да се врати во Сантос, клубот во кој ја започна својата играчка кариера и покрај тоа што заработува неверојатни 150 милиони евра годишно во саудиски Ал-Хилал