Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата.
Британските медиуми пишуваат дека Доргу се согласил да премине во Манчестер Јунајтед од Лече за 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони бонуси.
Доргу се пресели во Лече од данскиот Нордсјеланд во 2022 година и забележа 57 настапи за италијанскиот тим.
„Едвај чекам да работам со Рубен Аморим. Неговата визија за овој тим и иднината на клубот е неверојатно возбудлива. Постои јасен план за мојот развој и чувствувам дека Манчестер Јунајтед е совршено место да го исполнам мојот потенцијал и да ги реализирам моите големи амбиции“, изјави Доргу.
Данецот одигра четири натпревари за данската репрезентација, а сега станува второто засилување на Јунајтед, откако Аморим го замени Холанѓанецот Ерик тен Хаг во ноември.
Јунајтед моментално е 12-ти на табелата со само две победи во последните пет првенствени натпревари.
Слични новости
Влаховиќ ја одбил понудата да му стане соиграч на Роналдо
Српскиот напаѓач, 25-годишниот Душан Влаховиќ, иако најверојатно ќе заврши на клупата за резервни играчи, нема намера да го напушти Јувентус и ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија
Џими Батлер повторно суспендиран од тимот на Мајами
Кошаркарот е казнет откако го напушти тренингот на екипата, бидејќи му било соопштено дека нема да игра во првата петорка на тимот. Батлер е суспендиран на неопределно време.
Горан Иванишевиќ еден од кандидатите за тренер на Јаник Синер
Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ објави дека хрвтаскиот тениски тренер Горан Иванишевиќ е кандидат да стане тренер на светскиот рекет број 1 Јаник Синер.