Во дербито од 11-то коло од англиското фудбалско првенство одиграно во неделата, Манчестер Сити го победи Ливерпул со 3:0, пробивајќи се на второто место на табелата.
Дуелот почна лошо за „Граѓаните“, во 13. минута Ерлинг Халанд не реализираше пенал. Неговиот удар го одбрани Гиорги Мамардашвили. Сепак, норвешкиот напаѓач се поправи во 29. минута со гол за 1:0. Тоа беше неговиот 14-ти погодок сезонава во првенството во 11 настапи.
Ливерпул израмни во 39. минута со голот на Вирџил ван Дајк, но радоста на навивачите на „Црвените“ беше краткотрајна. Голот беше поништен поради офсајд. Во последните моменти од првото полувреме, Сити го зголеми водството. Нико шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката го погоди Ван Дајк, измамувајќи го својот голманот. Конечните 3:0 ги постави Џереми Доку во 63. минута.
Во претходно одиграниот натпревар, Астон Вила го победи Борнмут со 4:0, а стрелците беа Емилијано Буендија (28), Амаду Онана (40), Рос Баркли (77) и Дониел Мален (82). Гостите имаа пенал во 67. минута кога беа во заостанувањео со 0:2, но Емилијано Мартинез го одбрани ударот на Антоан Семења.
Брентфорд го победи Њукасл Јунајтед со 3:1, правејќи пресврт во второто полувреме. Гостите поведоа во 27. минута преку Харви Барнс, но Брентфорд постигна три гола во наредниот период. Кевин Шаде израмни во 56. минута, а потоа Игор Тиаго постигна два гола (78 од пенал и 90+5). Њукасл играше со човек помалку од 73. минута, откако Ден Берн беше исклучен.
Нотингем Форест го победи Лидс Јунајтед со идентичен резултат, забележувајќи ја само втората победа во сезоната. Гостите поведоа во 13. минута преку Лукас Нмеча. За домашниот тим погодија Ибрахим Сангаре (15), Морган Гибс-Вајт (68) и Андерсон (90+1 од пеналм).
Немаше голови во натпреварот помеѓу Кристал Палас и Брајтон.
Арсенал е водечки на табелата со 26 бода, Манчестер Сити има 22, Челзи 20 и Сандерленд 19 бода. Тотенхем, Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Борнмут следат со по 18 бода.
Слични новости
Ескалира конфликтот во Ливерпул меѓу Арне Слот и Мохамед Салах
Медиумите известуваат дека Арне Слот нема да го стави Салах на списокот на фудбалери што ќе отпатуваат во Милано каде што Ливерпул игра меч од Лигата на шампионите против Интер.
Реал Мадрид во дербито на Лигата на шампионите против Манчестер сити без шестмина дефанзивци
Едер Милитао доживеа потешка повреда,, а претходно беа повредени Дани Карвахал, Трент-Александар Арнолд, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата


