Фудбалската Лига на шампиони влегува во нокаут фазата, а во петокот во седиштето на УЕФА во Нион беше организирана жрепката за првата нокаут рунда односно 1/16 финалето.
Уште пред жрепката беше јасно дека ќе имаме супер интересни дуели, а најинтересниот е меѓу последните два eвропски шампиони, Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Жрепка за 1/16 финале:
Сребрен дел
Брест – ПСЖ
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Клуб Бриж – Аталанта
Син дел
Монако – Бенфика
Феенорд – Милан
Селтик – Баерн Минхен
Спортинг Лисабон – Борусија Д.
Првите 8 екипи по групната фаза веќе се пласираа во осминафиналето:
Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
Освен паровите за плеј-офот, со жрепката се одреди и целосниот костур на Лигата на шампионите до финалето.
Натпреварите од првата плеј-оф рунда се играат на 11/12 и 18/19 февруари.
Големото финале е закажано на 31 мај на „Алијанц aрената“ во Минхен.
Слични новости
Денвер ја победи Филаделфија со 8 коша на Јокиќ во последната минута
Кошаркарите на Денвер како гости утринава ја победија екипата на Филаделфија со 137:134 и така ја прекинаа низата од три порази по ред..
Евролига: Ѕвезда во последната секунда го совлада Партизан
Кошаркарите на Партизан беа домаќини на Црвена ѕвезда во 24. коло од Евролигата, а драматичниот меч беше решен дури во последната секунда
Данска ја демонтираше Португалија и ќе игра против Хрватска за златото на ракометниот мундијал
Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40:27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство