Манчестер Сити во понеделникот потврди дека 24-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ќе биде надвор од терените во поголемиот дел од тековната сезона, откако се здоби со повреда во четвртфиналето на ФА Купот.

Манчестер Сити стигна до полуфиналето со победата од 2:1 на гости кај Борнмаут, а Халанд се повреди на натпреварот и во понеделникот беше подложен на првични тестови. Тие покажаа посериозно оштетување на левиот скочен зглоб и на Халанд сега му треба стручно мислење, а потоа и подобар увид колку време ќе биде надвор од фудбалот.

Манчестер Сити нагласи дека очекува Халанд да биде подготвен за Светското клупско првенство, каде Манчестер Сити ќе го одигра првиот натпревар на 18 јуни против мароканскиот Видад Казабланка.

Манчестер Сити моментално е петти во англиската Премиер лига, а Халанд е втор на листата на најдобрите стрелци со 21 гол. Лидер е Мохамед Салах од Ливерпул со 27 гола.

globe

Слични новости

Навивачите на Манчестер Сити и Челзи добија забрана за влез во САД за Светското клупско првенство

Навивачите на Манчестер Сити и Челзи добија забрана за влез во САД за Светското клупско првенство

Околу 150 навивачи на Челзи и на Манчестер Сити на кои им беше забранет влез на стадионите нема да можат да патуваат во САД за време на Светското клупско првенство на кое нивните клубови се натпреваруваат летово, објави во средата британската влада

Чикаго обезбеди учество во плеј офот со победа врз Торонто, Голден стејт се проби на петтото место на западот

Чикаго обезбеди учество во плеј офот со победа врз Торонто, Голден стејт се проби на петтото место на западот

Во пресметка која има директно влијание за пласман во плеј офот Голден Стејт на гости го победија Мемфис со 134:125. Стефон Кари постигна 52 коша за Голден Стејт од кои дури 12 тројки