Манчестер сити синоќа не успеа да го победи Нотингем Форест и мечот заврши 2:2 и покрај тоа што фаворит два пати беше во водство.

Капитенот на Сити Бернардо Силва против натпреварот беше огорчен на судиите и изјави дека не бил досуден чист пенал врз Халанд.

Силва рече и дека сите ситуации што се 50-50, судиите ги свират против Сити.

Менацерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола не сакаше да го коментира судењето и порача дека неговиот тим мора да биде подобар и да не очекува интервенции од судиите. „Ако зависиме од одлуките на судиите не може да очекуваме подобри резултати“, порача Гвардиола.

Слични новости