Актуелниот англиски првак Манчестер Сити го заврши зимскиот преоден рок со доведување на играчот од средниот ред на Порто, 23-годишниот Нико Гонзалес за кого платија 60 милиони евра. За еден месец Сити потроши дури 243 милиони евра на засилувања, додека лидерот во Премиер лигата, Ливерпул потроши скромни 42 милиони.
Манчестер Сити во јануари го ангажираше египетскиот напаѓач 25-годишиот Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт за 75 милиони евра. „Граѓаните“ му платија 40 милиони евра на францускиот Ланс за 20-годишниот узбекистански дефанзивец Абду Кусанов, додека 19-годишниот бразилски дефанзивец Витор Реиш кој пристигна од Палмеирас чинеше 37 милиони евра. Во клубот пристигна уште еден млад Бразилец, 20-годишниот крилен напаѓач Савињо, а на Троа за него ѝ платија 25 милиони евра. Тренерот Пеп Гвардиола го комплетираше подмладувањето на тимот со купување на 18-годишен стопер од Сиера Леоне, кој дојде од Ваљадолид за шест милиони евра.
Сепак, овој јануари во Премиер лигата, Брајтон, кој е на десеттото место на првенствената табела, потроши најмногу на потписи. „Галебите“ потрошија 280 милиони евра за нови играчи. Неговиот градски ривал Манчестер Јунајтед, исто така, потроши повеќе од Сити, кој е „полесен“ за 244 милиони евра.
Голем трошач беше и Челзи кој потроши 238 милиони евра. Челзи моментално е четврти во Премиер лигата, а најдобрите четири екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Зад Челзи на табелата се Манчестер Сити и Њукасл кои заостануваат по два бода.
Слични новости
Далас тешко настрада во првиот меч по трејдот на Дончиќ, голем пресврт на Бостон
Далас Маверикс, ден откако објавија дека го размениле Лука Дончиќ за Ентони Дејвис, претрпеа тежок пораз на гостински терен од првиот тим во лигата Кливленд Кавалирс
Серија А: Рома и Интер во 93. минута до бод против Наполи и Милан
Наполи, лидерот во италијанската Серија А, водеше со 1:0 до 93. минута на „Олимпико“ против Рома, но последниот неделен меч од 23. коло заврши без победник
Премиер лига: Арсенал го победи Манчестер Сити со 5:1
Во дерби натпреварот од 24. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Арсенал на својот стадион „Емирати“ го совладаа Манчестер Сити со 5:1