Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победија Брентфорд со 2:0 пред своите навивачи. Рајан Черки ги доведе „Граѓаните“ во водство во 32-та минута, а Савињо ја потврди победата со гол во 67-та минута.

Место меѓу првите четири екипи избори и Њукасл Јунајтед со победа од 2:1 против Фулам. Јоане Виса им донесе водство на домашните во 10. минута, Саша Лукиќ израмни шест минути подоцна, а Луис Мајли им донесе победа на „Страчките“ во втората минута од судиското продолжение.

Челзи во вторникот стана првиот полуфиналист со победата од 3:1 на гостувањето кај Кардиф. Алехандро Гарначо го постигна водечкиот гол за лондонскиот клуб во 57. минута. Дејвид Тернбул израмни во 75. минута, пред Педро Нето да постигне гол во 82. минута, а вториот гол на Гарначо во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат 3:1.

Арсенал и Кристал Палас ќе го играат својот четвртфинален натпревар на 23 декември.

globe

Слични новости