Манчестер сити засега во своите редови го донесе само англискиот репрезентативец Елиот Андерсон, но тргнува и по аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандес за да создаде силен ред за врска.
За да ослободи пари за Енцо Фернандес, Сити ги продава Родри во Барцелона и Тиџани Рејндерс во Ал Кадси во Саудиска Арабија.
Саудијците се подготват да платат за холандскиот репрезентативец Рејндерс дури 60 милиони евра, додека за Родри Манчестер сити бара обештетување од 80 милиони евра, а Барцелона е подготвена да плати 65 милиони.
Челси постави дедлајн за заминувањето на Енцо Фернандез до петок во 18 часот, па наскоро се очекува Сити и Барцелона да постигнат договор за трансферот на Родри.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
