Франција ќе им помогне на Палестинската самоуправа да изготви устав за идната држава, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот вечерта по средбата со претедателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас во Париз.
Голем број западни земји, вклучувајќи ја и Франција, формално ја признаа палестинската држава во септември, потег поттикнат од фрустрацијата кон Израел поради разорната војна во Газа и желбата да се промовира решение за две држави за блискоисточниот конфликт.
Примирјето меѓу Израел и Хамас, постигнато со посредство на САД, стапи на сила во октомври, но Израел повторно ја отфрли секоја можност за палестинска државност.
Макрон рече дека Франција и Палестинската самоуправа, која има ограничена самоуправа под израелска воена окупација на Западниот брег, ќе формираат заеднички комитет за изготвување нов палестински устав.
„Овој комитет ќе биде одговорен за работа на сите правни аспекти: уставни, институционални и организациски“, изјави францускиот претседател пред новинарите.
„Ова ќе придонесе за создавање нов устав, чиј нацрт ми го презентираше претседателот Абас, а целта ќе биде да се финализираат сите услови за таква држава Палестина“, рече Макрон.
Додаде дека Франција ќе донира 100 милиони евра хуманитарна помош за Газа оваа година.
Абас ја нагласи посветеноста на „култура на дијалог и мир“. „Сакаме демократска, разоружана држава посветена на владеењето на правото, транспарентноста, правдата, плурализмот и ротацијата на власта“, рече Абас.
Рече и дека ги цени напорите на американскиот претседател Доналд Трамп и глобалните партнери за прекин на борбите во Газа и постигнување на следната фаза кон траен мир со разоружување на милитантните групи, вклучително и Хамас.
Одлуките на Франција, Велика Британија, Канада и Австралија да признаат палестинска држава ги доведоа во линија со повеќе од 140 земји кои исто така ги поддржуваат палестинските аспирации за создавање независна татковина на територија под израелска окупација.
Но, американскиот претседател Доналд Трамп го осуди бранот признавања, повторувајќи го ставот на блискиот сојузник Израел дека тоа го „наградува“ Хамас за нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, со кој започна војната во Газа.
Слични новости
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа


