Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија.
Макрон додаде дека го дискутирал ова прашање со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Истоврмено, тој истакнува дека верува во можноста за мирно регулирање на трговскиот спор со Кина.
За време на посетата на Кина претходно седмицава, Макрон ги повика тамошните власти да ја зајакнат соработката во врска со „неодржливите“ глобални трговски нерамнотежи, геополитиката и животната средина.
„Се обидов да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив затоа што ги уништуваат сопствените клиенти, особено затоа што веќе не увезуваат многу од нас“, рече Макрон во интервју објавено во францускиот весник Les Echos во неделата.
„Им реков (на Кинезите) дека ако не реагираат, тогаш ние, Европејците, ќе бидеме принудени во наредните месеци да преземеме остри мерки и да ја прекинеме соработката по примерот на САД – на пример, да воведеме царини за кинеските стоки“, вели француискиот претседател.
Трговскиот дефицит на ЕУ со Кина порасна за речиси 60 отсто од 2019 година.
Макрон во минатото промовираше силен европски фронт против Кина, повикувајќи го Брисел да спроведе протекционистички противмерки за да го забави увозот на кинески стоки што негативно влијаат на европската индустрија.
Францускиот претседател, исто така, ги повика кинеските компании да инвестираат во Европа и да „создадат вредност и можности за Европа“.
Дополнително, францускиот претседател предлага заемно отфрлање на „агресивната политика“: ограничена на извоз на полупроводничка опрема од Брисел и ретки земни метали од Пекинг. Исто така, ги повук кинеските компании да инвестираат во Европа.
Слични новости
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа


