Планот за мир меѓу Русија и Украина може да биде склучен единствено со учество на Киев и европските партнери во преговорите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз.
Тој додаде дека клучните елементи на идниот договор, како што се замрзнатите руски средства, безбедносните гаранции, европските санкции и процесот за пристапување на Украина кон Европската Унија, можат да бидат договорени само со учество на европските земји. – Сè уште сме во прелиминарна фаза, изјави францускиот претседател.
Макрон го коментираше и корупцискиот скандал во Украина, кој доведе до оставка на високиот претседателски советник Андриј Ермак, нагласувајќи дека Париз нема намера да ја поучува земјата.
Според францускиот претседател, во Русија нема антикорупциски механизми бидејќи таму има „вистинска диктатура“ и нема независни тела кои би се занимавале со коруптивни случаи, додека во Украина, барем, тие механизми работат.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


