Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стори ништо да стане учесник во светските случувања, наместо нивни набљудувач.
„Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води кон среќна покорност. Никому не пречиме, се обидуваме да бидеме љубезни кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и претходно. Ви велам, ако не сториме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години“, рече Макрон.
Макрон потенцира дека Европа секогаш пропаѓала кога била бавна и поделена. Околу обидот на САД да го анектираат Гренланд францускиот претседател порача дека никој не знае колку далеку е подготвен да оди Трамп.
Слични новости
Парламентарните избори во Бугарија закажани за 19 април
Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова.
Шпанските власти ги истражуваат Мета, ТикТок и Икс поради ширење на детска порнографија
Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија
Иран го затвори Ормускиот мореуз
Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.


