Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги собере претставниците на „големите европски земји“ во понеделник во Париз за да разговараат за „европската безбедност“, потврди во неделата францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
„Претседателот на Републиката утре ќе ги собере главните европски земји на разговори за европската безбедност“, изјави Баро за радиото France Inter.
Не прецизираше кој ќе учествува на овој „работен состанок“, но според европски дипломатски извор треба да присуствуваат високи претставници на Германија, Полска, Италија, Данска, како и Обединетото Кралство надвор од ЕУ.
„Ќе бидат присутни и европските лидери Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, како и шефот на НАТО, Марк Руте, рекол изворот на AFP.

Средбата ќе се одржи ден по Минхенската безбедносна конференција, која беше обележана, како што го оценуваат во Брисел и европските престолнини – со непријателски говор на американскиот потпретседател ЏејДи Венс, насочен против Европската унија, која тој ја обвини дека не ја почитува „слободата на изразување“ воведувајќи „ценура“ и не ја почитува волјата на изборачи и потврди дека Американците размислуваат за преговори за решение на украинското прашање без Европејците.
„Кога станува збор за слободата на изразување, не се потребни инструкции. Треба да се ослободиме од комплексот на инфериорност и да не бидеме заплашени, затоа нема да прифатиме никакво мешање“, истакна Баро за France Presse.
Тој оцени дека изјавите на Венс дадени една недела пред парламентарните избори во Германија се неприфатливи. „Ќе ја заштитиме нашата демократија и нашите јавни дебати, бидејќи тие се нашите најскапоцени средства, дури и ако се кревки“, рече Баро.
Кога станува збор за прашањето за Украина, тој повтори дека „само Украинците можат да донесат одлука за завршување на војната“ и нагласи дека „Европа ќе ги поддржува додека тие самите не донесат таква одлука“.
Баро додаде дека Украинците „нема да запрат додека не се уверат дека мирот што им се нуди ќе биде траен“ и додека немаат гаранции за безбедноста.
„А кој ќе им даде гаранции? Тоа ќе бидат Европејците“, повтори Баро истакнувајќи дека „Европјеците на еден или на друг начин ќе бидат вклучени во дискусиите“ за ставање крај на војната во Украина.
Слични новости
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.