Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.

Во писмото, Макрон побара мерки за „заштита на сите деца во Европската Унија“, нагласувајќи дека смета на „експертизата и активното учество“ на службите на Европската комисија во ова прашање.

Францускиот претседател оцени дека постојните правила повеќе не се доволни и дека е потребно да се воспостави единствено решение што ќе се применува во сите земји-членки на ЕУ.

Ситуацијата бара итна акција, нагласи францускиот претседател во писмото упатено до Урсула фон дер Лајен.

Слични новости

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.