Советот на Народната банка на својата последна седница, одржана на четврти февруари годинава, го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка.
Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија и натаму закрепнува, при пониска инфлација и поповолни финансиски услови, но сѐ уште има понагласена геополитичка неизвесност, заради војните и конфликтите, како и евентуалните трговски санкции.

Во домашната економија, реалниот БДП во третиот квартал бележи годишен раст од 3%, што е близу до очекувањата во согласност со октомврискиот циклус проекции. Сигналите од расположливите високофреквентни податоци за економската активност во последното тримесечје од 2024 година засега упатуваат на позитивни годишни остварувања, пред сѐ во услужниот сегмент и кај градежната активност.
За целата 2024 година, основното сценарио од октомври претпоставува економски раст од 2,3%, но имајќи ги предвид официјалните процени за остварен раст во првите три квартали од годината од 2,6%, постојат изгледи за малку подобри остварувања од проекциите за целата година. Растот би забрзал искачувајќи се на 3,3% во 2025 година и би достигнал 4% на среден рок, при очекувања за поповолно надворешно окружување, поволен амбиент за странски и домашни инвестиции и позитивен придонес од започнатите инфраструктурни проекти. Зголемената геополитичка неизвесност заради војните и конфликтите преовладува на краток рок, додека на среден рок, пак, посилната фокусираност на капиталните инвестиции, вклучително и на новиот план на ЕУ за раст на Западниот Балкан, би ја зајакнала економската интеграција, којшто би ги подобрила економските изгледи на земјата.
Инфлацијата за целата 2024 година, во просек, изнесува 3,5%, што во целост соодветствува со октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2025 година се очекува сведување на инфлацијата на 2,5% и нејзино постепено нормализирање на 2% на среден рок. Ризиците околу инфлацијата сè уште постојат и се поврзани со цените на примарните производи на светските берзи, но и со одредени домашни фактори коишто делуваат врз побарувачката.
Податоците за бруто девизните резерви за четвртиот квартал упатуваат на подобри остварувања во однос на октомвриските проекции, а со тоа и повисок раст за целата година. Нивото на девизните резерви, на крајот на 2024 година, достигна 5.019 милиони евра и во согласност со сите показатели обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, кредитната активност на банкарскиот сектор се засили, при што годишната стапка на кредитен раст на крајот на 2024 година достигна 11,2%. Ваквата кредитна динамика беше поддржана и од зголемувањето на депозитниот потенцијал на банките, којшто и натаму забрзано расте со годишна стапка на раст од 11,4%, којашто е над проекциите.
Советот на Народната банка на седницата разгледа и повеќе други точки поврзани со тековното работење на банката.
Слични новости
Распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени
Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, меѓу жртвите и полицаец од Радовиш на должност
Коцевски: Сѐ уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.
Светските берзи во пад под притисокот од цаинската војна
Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата седмица бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст