Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол.

 Според одлуката на Макпетрол, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари.

Цената на литар дизел ќе се продава по цена од 93,5 денари за литар која, исто така, е намелена за два денара за литар во однос на малопродажната цена објавена од РКЕ.

 

Слични новости

Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите

Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите

Преку охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, а оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.