Квалитетот на високото образование на најголемиот универзитет во земјава  УКИМ, паѓа сѐ подолу и подолу. На неодамна публикуваната листа Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети нема ниту еден македонски универзитет. 

Најдобро пласиран од земјите на поранешна Југославија е Универзитетот во Белград – на 393 место. Универзитетот во Љубљана е на 444, а Свеучилиштето во Загреб на 522. место.

На листата Глобал 2.000 има уште три универзитети од Србија, Универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. На листата има уште два од Хрватска, Универзитетите во Сплит и Риека.

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.