Царинската управа информира дека е откриен случај со автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина и кој бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот бил откриен на граничниот премин Деве Баир.
Притоа биле запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста, поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.

„При извршена контрола на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска е откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 сантиметри по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер)“, информира Управата.
Во друг случај биле запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварени со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово.
Запленети биле и фотоапарат, компјутер за видео-игри, како и бандажи и фарови.
Слични новости
Владата ги донесе измените и дополнувањата на Законот за медиуми
Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми
Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми
Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.
Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева
Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот