Македонските каратисти денеска ги очекува настап на тимовите во борба за мажи и жени, како и настап на женскиот ката тим, на вториот ден од Балканското сениорско првенство во Будва, на кое вчерашниот успешен ден го завршија со освојување на вкупно 11 медали.

Љупче Михајлов, во категоријата до 75 килограми, и Стефан Стојановиќ (+84 килограми) освоија сребрен медал, додека Емил Павлов (-67 килограми), Реџеп Рушити (-75килограми) и Данка Стојкова во категоријата кати се закитија со бронза.
Претходно, на првиот ден титулата балкански шампион ја освои Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро, а со бронзен медал се закитија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.
На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваат 350 каратисти од 12 држави.
Слични новости
НБА: Селтикс ja добија пресметката на великаните во „ТД Гарден“
Во синоќешното дерби на НБА, Бостон Селтикс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 111:101 во својот „ТД Гарден“, со што ја прекинаа серијата од осум победи на гостинскиот тим
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.