Македонските каратисти денеска ги очекува настап на тимовите во борба за мажи и жени, како и настап на женскиот ката тим, на вториот ден од Балканското сениорско првенство во Будва, на кое вчерашниот успешен ден го завршија со освојување на вкупно 11 медали.

Љупче Михајлов, во категоријата до 75 килограми, и Стефан Стојановиќ (+84 килограми) освоија сребрен медал, додека Емил Павлов (-67 килограми), Реџеп Рушити (-75килограми) и Данка Стојкова во категоријата кати се закитија со бронза.
Претходно, на првиот ден титулата балкански шампион ја освои Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро, а со бронзен медал се закитија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.
На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваат 350 каратисти од 12 држави.
Слични новости
Лига на шампионите: Реал и Вила со предност по првите дуели, Арсенал веќе пласиран, реми во Дортмунд
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го совлада градскиот ривал Атлетико со 2:1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Арсенал го декласираше ПСВ со 7:1 во Ајндховен, додека Борусија Дортмунд и Лил одиграа нерешено 1:1
Серија А сака да игра натпревари во САД
Европските фудбалски гиганти со години ги посетуваат САД на претсезонски натпревари, но Италијанците сега сакаат да играат официјални првенствени натпревари на американска почва во рок од три години
Баерн ќе го изложи дресот со број 5 на Бекенбауер под покривот на „Алијанц Арена“
Откако го „пензионираше“ дресот со бројот што го носеше Франц Бекенбауер, клупската легенда која почина на почетокот на јануари 2024 година, Баерн Минхен одлучи во иднина да го изложува под покривот на „Алијанц Арена“, објави во вторникот баварскиот клуб