Неодамна македонскиот центарфор Бојан Миовски се поврзуваше со Глазгов Ренџерс, а ситуацијата ја следи и неговиот поранешен клуб, Абердин кој сака да го врати доколку им се отвори шанса за тоа.

Според последните информации, за Миовски е заинтересиран и Селтик кој понудил шест милиони фунти за ангажирање на македонскиот фудбалер.

Миовски во Жирона не одигра многу, даде само четири гола на 25 натпревари. Дел од сезоната беше повреден, а во финишот не добиваше шанса од тренерот.

Екипите од Шкотска добро го познаваат Миовски каде уште се свежи неговите игри за Абердин за кој даде 44 голови на 98 натпревари.

 

Слични новости

Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти

Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти

Сити сака да добие околу 50 милиони фунти од продажбата на 29-годишниот Британец, но засега нема понуди за играчот од средниот ред. Се разгледува и позајмица. Интерес за играчот претходно објавија Наполи, Евертон и Баер.

Оклахома направи брејк на гости кај Индијана и изедначи на 2:2

Оклахома направи брејк на гости кај Индијана и изедначи на 2:2

Индијана водеше во текот на целиот натпревар, но во завршницата Оклахома одигра многу цврста одбрана и направи серија од 8:0, додека нејзините две ѕвезди Шеи Гилџес Александар и Џејлен Вилијамс реализираа шутеви во клучните мометни од натпреварот