Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари–декември 2024 година, изнесува 7.781,2 милиони евра и бележи пад од 6,5 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, е 11.062,4 милиони евра, што е за 0,8 проценти помалку од 2023 година. Трговскиот дефицит изнесува 3.281,2 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари–декември 2024 година, изнесува 70,3 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

globe

Слични новости

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата