Од денеска почнува тестирањето на системот „Безбеден град“
Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот.
Понеделник – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест
Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест.
Втор починат од грип во Македонија
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А.
Агенцијата за храна казни 22 маркети поради лоша хигиена и производи со поминат рок
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа 22 казни во износ од околу 40 000 евра, по спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети
Министерството за здравство тврди дека предлогот за заштита од пушење е заради чување на здравјето на луѓето
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство (МЗ), предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација.
Притвор од 30 дена за осум лица за штета од речиси 4,8 милиони евра на буџетот по истрагата во УЈП
Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи (УЈП) заради постоење на основи од опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довршат или повторат делото, информираа oд Кривичниот суд.
Екстремна загаденост во Македонија
Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, а најзагаден град во Европа денеска е повторно Сараево.
Муцунски: Во следните шест месеци позитивно ќе се изненадите од визната политика на САД кон Македонија
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја прокоментира вчерашната одлука на САД да престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои е и Македонија, за која вели дека е пауза поврзана со иселеничките визи.
Кривични за две лица – фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
Од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.
Бебе почина во болницата во Кавадарци – телото е предадено на обдукција
Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација.
Нов изборен законик ќе се донесе до јуни
Договорено е начелно до крајот на пролетта, некаде во јуни, да се донесе нов Изборен законик, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев по лидерската средба, која ја оцени како навистина конструктивна.
Лидерска средба: Техничката влада се укинува, оставено на СДСМ да реши дали на следните избори или по нив
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по тричасовната лидерска средба на која не учествуваа лидерите од коалицијата на СДСМ, соопшти дека постигнале согласност дека техничката влада треба да се укине.











