„Ќе излезам од формалниот дипломатски речник. Од претседателката добив совет, веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи е во Софија причина за тоа е Коридорот 8, да побараме од домаќинот средба на билатерална основа.
Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме процесот од некаде да го движиме“, рече премиерот Мицкоски по средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
Иницијативата за билатерална средба Скопје-Софија дошла од фон дер Лајен која сака да се деблокира евроинтегративниот процес на Македонија. Таа во Скопје порача дека кога ќе се деблокира евроинтегративниот процес на Македонија ќе може да се дејствува брзо, затоа што интензивно се работи на реформите.
Слични новости
Загина фудбалерот Даниел Николовски
Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21). Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим.
Намален бројот на одобренија за градба
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
За прославата за независноста – 5,53 милиони евра чинеле манифестациите од сметката на Државна лотарија и донации од фирми
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.


