На денешната ждрепка во Швајцарија фудбалската репрезентација на Македонија која беше во четвртиот шешир ја извлече селекцијата на Данска од првиот шешир за полуфиналето од баражот за квалификациите за Светското првенство во фудбал 2026.

Данците како носители ќе бидат домаќини на натпреварот. Доколку Македонија ја елиминира Данска на 26 март идната година, во финалето на 31 март ќе игра против победникот од бараж натпреварот меѓу Чешка и Република Ирска.

Доколку македонската селекција успее да ја елиминира Данска во полуфиналето, таа ќе биде гостин и на финалниот натпревар.

Преку баражите за учество на Мундијалот се натпреваруваат 16 европски селекции, а настап на  Мундијалот ќе обезбедат четири.

Слични новости

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0