Повеќе од 1.000 локално стекнати инфекции на вирусот Западен Нил се забележани ширум Европа од почетокот на годинашната сезона на пренос, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
До 3 септември се регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 држави, соопшти ЕЦДЦ. Италија е лидер со 516 случаи, следува Грција со 284 и Шпанија со 88.
Македонија, според последните податоци на надлежните, има 52 случаја на западнонилска треска.
Вирусот Западен Нил главно го пренесуваат комарците меѓу дивите птици, меѓутоа заразените комарци можат да го пренесат и на луѓе. Според германскиот Институт „Роберт Кох“, околу 20 отсто од инфицираните развиваат симптоми слични на грип, додека отприлика само еден од 100 има сериозно заболување.
Слични новости
Премиерот Мицкоски очекува добри релации со Србија, опозициската СДСМ обвинува за сомнителни трансакции од Србија во Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и на економската соработка со соседна Србија.
Четири лица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров
Четири лица се уапсени во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во скопската општина Ѓорче Петров. Телма објави дека уапсените при распитот во станица ги признале делата.
Прва трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром
Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.


