Македонија се најде на 88 место според Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси интернешнел за 2024 година, при што земјата има 2 поени помалку од претходната и пад од 12 места на табелата. Претседателот на Транспаренси интернешнел во земјава вели дека и оваа година Индексот на корупцијата покажува дека Македонија е далеку под минимумот од 50 поени кои се долната граница под која не може да се каже дека една земја има задоволителни активности насочени кон сузбивање на корупцијата. Ова, според него, е последица на големиот број на скандали во правосудството.
„Неказнивоста на високата корупција поврзана со лица на јавни позиции, индициите за политичко влијание во судството, лошата контрола која Судскиот совет ја врши врз судиите и 40-те препораки на оценската мисија на Европската унија, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата на судии и јавни обвинители за време на избори се само дел од скандалите кои го тресеа судството“, изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси интернешнел.
Се осврна на случајот со разрешување на судијата Наќе Ѓорѓиев кој беше обвинет за примање на мито и којс е спогоди со обвинителството, како и разрешувањето на судија од Кавадаречкиот суд, Лазар Нанев кој со обвинет се слушнал телефонски 97 пати.

Критика упати и до обвинителството, бидејќи не е ажурно во гонењето на високата корупција, и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата. Притоа и поранешниот член на советот на јавни обвинители, Иџет Мемети кој доби една година условна казна за примање поткуп.
„Првиот чекор од долгиот пат во борбата против корупцијата е нејзината казнивост и генералната превенција која казнивоста ја има во општеството. Се додека ова не се постигне не можеме да очекуваме позитивни резултати на индексот на перцепција на корупцијата“, изјави Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси интернешнел.
Во однос на регионот БиХ и Србија се подолу на табалета со 33 и 35 поени, а од останатите земји Словенија е највисоко рангирана со 60 поенти, потоа е Хрватска со 47 поени.
Падот од два индексни поени на Македонија во извештајот на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата за 2024 година, за премиерот Христијан Мицкоски е очекуван, а извештајот претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме, ќе бидеме подобри или полоши и основа за подобрување на позицијата.
Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција по потпишувањето на договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW, претседателот на Владата рече дека извештајот е логичен и оти сите критериуми во Извештајот биле во период на претходната влада.
„Логичен е тој извештај и добро е што е само два индексни поени. Мислев дека е повеќе после сите злоупотреби на европско знаме, коруптивни скандали кои беа во периодот на минатата влада. Ако ги забележите сите седум критериуми, ќе видите дека сите се однесуваат за периодот кога е претходната влада. Детално го изанализирав и тоа е добра основа од каде што сега ќе можеме да почнеме да ја подобруваме нашата позиција“, истакна Мицкоски.
Најави дека на денешната Владина седница ќе го задолжи ресорниот министер, јасно да ги детектира слабостите и во иднина да не се повторуваат.
„Нема да ни се повтори повеќе „Соравија“ во центар на Скопје, измени на Кривичен законик со злоупотреба на европско знаме, ниту бентли, „астон-мартин“ и „ролс – ројс“ автомобили на блиски роднини на нашите семејства. Нема да ни се повторат наместени тендери, парцели за фотонапонски централи на високи владини функционери. Тоа е нотирано во овој извештај и за нас претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме или ќе бидеме полоши“, нагласи Мицкоски.
Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави и ја дели со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Слични новости
Во Македонија пристигнати 15 лекари специјалисти за да помогнат околу третманот на повредените во Кочани
15 специјалисти од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.
Студентите на УКИМ неделава ќе организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата
Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства.
Поведена постапка против 11 лица, за 8 веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
Обвинителството во понеделникот доцна вечерта соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително