Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.
Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти.
Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја издвојуваат Македонија меѓу земјите што во последниот период оствариле забележително подобрување во националните капацитети за сајбер-безбедност.
Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за е-управување“.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
