Македонија во 2025 година испуштила 3.046 милиони кубни метри отпадни води, но пречистила само 629 милиони кубни метри. Тоа значи дека од вкупно испуштените води, само 20,6 отсто поминале низ процес на пречистување.

Во време кога светот сè погласно предупредува дека водата станува новата глобална криза, домашните бројки покажуваат дека земјата сè уште има сериозен проблем со заштитата на водните ресурси. Водата се користи, се испушта, но премалку се враќа во природата како пречистена и безбедна.

Глобалните проценки предупредуваат дека до 2030 година побарувачката за свежа вода може да ја надмине понудата за 40 отсто. Тоа значи дека светот влегува во период во кој водата нема да биде само прашање на пристап, туку и прашање на политичка одлука, инфраструктура, технологија и праведна распределба.

Слични новости

Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел

Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.