Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, првиот меѓународен обврзувачки документ кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна примена на вештачката интелигенција.

Со овој чекор, државата се приклучува кон европските напори за регулирање на развојот на новите технологии во согласност со човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Министерот за правда Игор Филков истакна дека Конвенцијата ќе обезбеди поголема заштита на човековото достоинство, еднаквоста и приватноста на граѓаните, како и пристап до правна заштита во случаи на повреда на нивните права.

 

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.