Македонија е со пад од 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата со медиумите е „проблематична“.
Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41). Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71).
Албанија (83) и Грција (86).
Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ состојба.
Норвешка е на првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред.
Оценката за Македонија „проблематична“ е иста како и минатата година и земјата има пад во сите 5 индикатори:
„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, се вели во извештајот на Репортери без граници.
Во извештајот на „Репортери без граници“ пишува дека потребни се ефективни мерки за заштита на новинарите почнувајќи со ставање крај на криминализацијата на новинарството.
Слични новости
Влен смета дека апсењето на Груби ќе му зададе фатален удар на ДУИ
„Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв затоа што не знаат што сè е подготвен да прозбори“, наведуваат во соопштението од Вреди.
Груби спроведен во затворот во Шутка, сам ќе биде во келија, објави Телма
Груби е сам во келија и според изјавата на директорот се чекаат инструкции дали тој денеска ќе биде однесен во Јавното Обвинителство.
Уапсен Артан Груби
Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.