Македонија е со пад од  3 места, од 42 на 45,  во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата со медиумите е „проблематична“.

Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41).  Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71).  

Албанија (83) и Грција (86).

 Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ состојба.

Норвешка е на првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред.

Оценката за Македонија „проблематична“ е иста како и минатата година и земјата има пад во сите 5 индикатори:

 „Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, се вели во извештајот на Репортери без граници.

 Во извештајот на „Репортери без граници“ пишува дека потребни се ефективни мерки за заштита на новинарите  почнувајќи со ставање крај на криминализацијата на новинарството.

 

 

Слични новости

Иранската војска повторно ја врати контролата врз Ормутскиот теснец

Иранската војска повторно ја врати контролата врз Ормутскиот теснец

Иранската војска најави дека повторно ја презема контролата врз Ормускиот Теснец, објавија иранските државни медиуми. Иранската револуционерна гарда во соопштение наведе дека теснецот ќе се врати во претходната состојба и дека со подрачјето ќе управуваат вооружените сили.

СДСМ обвинува дека Мицкоски ангажирал приватна израелска компанија за следење на опозицијата

СДСМ обвинува дека Мицкоски ангажирал приватна израелска компанија за следење на опозицијата

„Black Cube” е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад”. Таа се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели.

Радев фаворит на утрешните парламентарни избори во Бугарија, односот кон Македонија нема да се менува  

Радев фаворит на утрешните парламентарни избори во Бугарија, односот кон Македонија нема да се менува  

Од изборите во Бугарија не се очекува никаков пресврт во однос на македонското прашање бидејќи постои консензус кај целиот политички спектар кој бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав и спроведување на обврските од протоколите.