Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот Христијан Мицксоки и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако денеска во Истанбул потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави.

Декларацијата беше потпишана при првата официјална посета на Мицкоски на Турција.

„Ова е значаен чекор за односите меѓу двете земји а основите на ова се содржани во документот Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство донесовме одлука за основање совет на високо ниво чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите обалсти од заеднилчки интерс на билатерално, регионално и глобално ниво“, рече премиерот Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на декларацијата.

 

Мицкоски рече дека со Ердоган имале исклучително значајна и конструктивна средба, која, како што рече, е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу двете земји.

Најави продлабочување на соработката во повеќе области со особен акцент на трговската размена, а разговарале и за соработката во безбедноста, образованието, културата и здравството.

„Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Посветени сме како држава на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план“, рече Мицкоски.

Ердоган се надева оти ќе присуствува на првата седница на Советот што ќе се одржи во Скопје. Најави дека со идните активности ќе се зголеми економската и трговската размена на уште повисоко ниво и оцени дека односите меѓу двете земји се силни како што е силен Камениот мост во Скопје.

„Лани имавме трговска размена од милијарда долари кои треба да ги удвоиме во првата прилика“, рече Ердоган, посочувајќи дека ќе биде потребно ревидирање на Договорот за слободна трговија.

Ердоган воедно порача дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку како поле за заедничка соработка и за развој.

globe

Слични новости

Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог

Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог

Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи во соработка со аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија, која има за цел тестирање на капацитетите на институциите на национално ниво како и економскиот оператор ТАВ за справување со вакви ситауции и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.