Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Македонија и Европската Унија.
Се очекува овој Договор за партнерство да ја зајакне отпорноста на земјата и да овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици и поефикасна соработка во сферата на безбедноста и одбраната.
Како дел од досегашната соработка ЕУ во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во септември годинава одобри 13 милиони евра помош наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Македонија
Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата.
Како што соопшти Советот на ЕУ, овие средства ќе ги зајакнат македонските капацитети за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, и таа помош дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на блокот со Македонија во областа на безбедноста и одбраната.
Слични новости
Утрово Скопје без јавен превоз, нема гориво за автобусите
Утрово на улиците во Скопје, неможеше да се забележат автобусите на Јавното градско претпријатие, а граѓаните кои што ги користат услугите на ЈСП останаа без превоз
Кешишев го смени исказот, Палевски не бил со нив кога се случиле убиствата
бвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатирата на Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО и ѝ честитал, најави соработка во интерес на државата
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека телефонски ѝ се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО и истакна дека Владата ја поддржала нејзината кандидатура