Дека социјалните платорми не се безопасна играчка на која луѓето споделаваат слики и комуницираат со своите пријатели стана јасно уште пред 20-ина години. На претседателските избори во 2008 кандидатот на демократите Барак Обама го порази републиканецот Џон МекКејн, а еден од клучните фактори беше што штабот на Обама многу повеќе и поумешно го користеше тогаш многу популарниот Фејсбук.

Социјалните медиуми станаа влијателна политичка алатка и во позитивна и во негативна смисла, а со пенетрацијата на интернетот кај се поголем дел на светската полулација станаа и клучен извор на (дез)информации. Тие станаа алатка на политичката пропаганда, а со се поголемата моќ, почнаа и да ги обликуваат политичките процеси и директно да влијаат врз исходот на политичката борба.

Во Велика Британија минатиот месец избувнаа расно мотивирани немири со насилство кое не беше видено со децении, а имаше дури и притисок врз премиерот Кир Стармер да ја извади војската на улиците, за да се справи со демонстрантите.

Британската влада ги обвини социјалните медиуми дека тие ги поттикнуваат расните нереди. Министерот за внатрешни работи на Британија Ивет Купер тогаш изјави дека „Има области каде што медиумските компании имаат јасни барања да отстранат криминален материјал и тоа не го прават или претерано одолговлекуваат“.

Крајно десничарски инфлуенсери со голем број на следбеници како оснивачот на „Англиската Лига за одбрана“ Томи Робинсон испрати десетици пораки на Икс. ТикТок. ВатсАп и Телеграм, беа искористени за организирање на групни собирање во кусо време, флаери за одредени протести беа ширени на Фејсбук, додека на ТикТок беа споделувани видеа со насилство.

Особена поддршка на десничарските протестанти даде X, каде што освен коментарите на Маск дека „граѓанска војна во Британија е неизбежна“, беше вратен акаунтот на Робинсон кому му е забранет пристап на Инстаграм и Фејсбук. Британскиот министер за технологија Питер Кајл изјави дека нема сомнеж оти социјалните медиуми обезбедија платформа за насилните протести.

Според британскиот акт за безбедност онлајн, платформите имаат должност да „преземат робустна акција“ против илегалниот контент. Тоа вклучува содржини кои инспирираат насилство или кои предизвикуваат расна и верска омраза. Социјалните платформи прво и основно не треба да дозволат кај нив да се појави илегален контент, а доколку се појави, треба веднаш да го отстранат. Доколку не ги исполнат овие обврски социјалните медиуми се соочуваат со казни до 18 милиони фунти, или 10 проценти од нивниот приход на светско ниво, што и да е поголемо, кои може да ги изрече британскиот медиумски регулатор Offcom.  

Во ЕУ е во сила Актот за дигитални сeрвиси што е еквивалент на Безбедносниот онлајн акт и Икс е под закана од санкции од Европската комисија. Во Франција, соочен со масовни демонстрации минатата година, претседателот Емануел Макрон побара дури и целосно укинување на социјалните мрежи, поради нивната улога во немирите во Франција.

Јасно е дека и во демократските земји ќе се заострува регулативата за социјалните мрежи и Онлајн медиумите, во светло на последните случувања.

Русија и Кина одамна имаат забрането се што доаѓа од Западот.

Државите и владите заостануваат во соодветна легислатива во однос на молскавичните промени во оваа сфера. Така Британија имаше некои рецидиви од закони од 1986, па дури сега го доускладува законодавството со модерните текови.

Македонија е најтажниот пример од сите. ЗНМ и Синдикатите некако се изборија за „тотална слобода“ на интернет просторот односно никаква регулација на интернет просторот, што и да значи тоа. А во праксата тоа значи неограничено и неказнето ширење на говор на омраза, лаги и дезинформации без никакви последици. Над 90 насто од говорот на омраза потекнува од интернетот. Не може да нема никаква одговорност за јавно искажаниот збор !  

Судовите во Македонија он лајн медиумите, не ги третираат како медиуми, па дури не може ни да тужите. АВМУ е строг „џандар„ за домашните радија и телевизии, а не презема ништо во онлајн сферата, но за волја на вистината, нема ни таков мандат. Во кој век живееме? Социјалните и онлајн медиуми се исто толку моќни, ако не и помоќни од традиционалните медиуми ! Апсолутно е скандалозно.

За цел свет ова е главна тема, а ние се однесуваме како да не постои таков проблем.  Македонија  живее со законодавство од минатиот век, односно прединтернет ерата. Ова е тотален апсурд. А не треба да се измислува топла вода. Само да се преземат модерните и демократските практики што ги имаат западните демократии во однос на регулацијата на онлајн сферата.

Слични новости

Победата на Трамп и кризата на традиционалните медиуми

Победата на Трамп и кризата на традиционалните медиуми

Кампањата на Трамп не беше фокусирана дури ни кај традиционалните медиуми кои го поддржуваат како медиумите на Руперт Мардок. Очигледно е дека Трамп и неговите советници за кампања и медиуми подобро и повеќе знаеја која е Америка, што гледа и што слуша, откако нивната стратегија доби јасна верификација со изборниот резултат.

Силата на новата десница

Силата на новата десница

Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.

Одговорноста на медиумите

Еден од последните примери дека трацидиционалните медиуми се обидуваат да го вратат достоинството на медиумите и новинарската професија беше начинот на кој Си Ен Ен ја организираше претседателската дебата меѓу Џозеф Бајден и Доналд Трамп.