Синоќа се одржа седница на Советот за безбедност на Македонија со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа сите членови на Советот за безбедност вклучувајќи ги Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Седницата беше фокусирана на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.

Беа презентирани податоци и сознанија за настаните врзани за воените дејствија и последиците од нив. Дебатата резултираше со генерална оценка за стабилна и безбедна состојба во моментов.

Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини.

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.