Синоќа се одржа седница на Советот за безбедност на Македонија со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа сите членови на Советот за безбедност вклучувајќи ги Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Седницата беше фокусирана на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.

Беа презентирани податоци и сознанија за настаните врзани за воените дејствија и последиците од нив. Дебатата резултираше со генерална оценка за стабилна и безбедна состојба во моментов.

Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини.

 

Слични новости

45,4 проценти од младите во Македонија користат вештачка интелегенција

45,4 проценти од младите во Македонија користат вештачка интелегенција

Алатки за генерирана вештачка интелеганција во Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.