Синоќа се одржа седница на Советот за безбедност на Македонија со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а присуствуваа сите членови на Советот за безбедност вклучувајќи ги Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Седницата беше фокусирана на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.

Беа презентирани податоци и сознанија за настаните врзани за воените дејствија и последиците од нив. Дебатата резултираше со генерална оценка за стабилна и безбедна состојба во моментов.

Беше потенцирана потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини.

 

Слични новости

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик