Министерството за европски прашања ја поздравува одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Република Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона.
Членството во СЕПА значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе пристигнуваат побрзо и со пониски трошоци, а бизнисите ќе имаат поедноставени плаќања во Европа. Исто така, членството ќе ја зајакне меѓународната доверба во финансискиот сектор на Северна Македонија и ќе ги продлабочи трговските односи со Европската економска област.

Според календарот на EPC, нашите финансиски институции ќе започнат со пристапување кон СЕПА во април 2025 година, а оперативната подготвеност на давателите на платежни услуги е предвидена за 5 октомври 2025 година.
Со ова значајно достигнување, Македонија станува дел од единствениот европски пазар на плаќања, што претставува уште еден конкретен чекор на Владата кон европската економска интеграција и подобрување на финансиските услуги за граѓаните и компаниите. Пристапувањето во СЕПА е конкретна придобивка од Планот за раст земјите од Западен Балкан во контекст на забрзаната интеграција.
Слични новости
Чупеска: Уставниот поредок на удар, наместо реформи, власта прави упад во правосудството
Според Чупеска, власта ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.
Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.
Зголемен бројот противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК