Фудбалската репрезентација на Македонија во вториот меч во групата во Б дивизијата на Лигата на нациите, загуби со 2:0 на гости кај Словенија.
По првото полувреме беше 0:0 но во вториот дел најпрвин Ловриќ во 55-тата минута ја доведе Словенија во водство од 1:0, а потоа Матко во 82-та минута ги постави конечните 2:0.
По првите две кола во групата 1, Швајцарија е прва со 6 бодови, Словенија е втора со 4, Шкотска има еден бод како трета, а Македонија е на последното место без освоени бодови.
Особено загрижува фактот што македонската селекција на првите два натпревари не постигна гол, а прими пет.
Во следното коло Македонија на домашен терен игра против Шкотска.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
