Македонија се најде во четвртиот шешир на ждрепката за баражот за Светското првенство во фудбал. Нашата селекција за противник во полуфиналето ќе има репрезентација од првиот шешир каде што се наоѓаат Италија, Данска, Турција и Украина. Домаќин на полуфиналниот натпревар ќе биде селекцијата од првиот шешир.

Во другите полуфинални натпревари ќе играат репрезентациите од вториот и третиот шешид, а домаќини ќе бидат иние од вториот шешир. Победниците ќе играат финале за пласман, а домаќинот на финалињата ќе се определи со ѓдрепка. Баражите ќе се играат на 25 и 31 март идната година.

 

Слични новости