Почнувајќи од годинава, Македонија во следните пет години треба да врати 8,8 милијарди евра. Станува збор за долгови од претходни задолжувања кои доспеваат во тој период.

За оваа година долгот кој треба да се врати е 1.563 000 евра, плус обврзниците на домашниот пазар што доспеваат и се со рочност од една година, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска.

Македонија вчера се задолжи за нови милијарда евра преку издавање на десетта еврообврзница, а 700 милиони евра од овие пари се за враќање на долгот за еврообврзницата издадена во 2020.

Слични новости